Неофицијално албанските медиуми објавуваат дека телото на еден од двајцата исчезнати полицајци кои во саботата вечерта со полициско возило влетаа во реката Лепенец е пронајдено.
Полицијата реагираше и приведе жители на Скопје од пластичарската улица кои се бунеа поради отстранување на неправилно паркирани возила.
С.К.(41) вчера пријавила во полиција дека околу 18 часот на улицата “Кеј 13-ти Ноември” додека нејзиниот осумгодишен син се движел по улицата, бил нападнат од страна на три кучиња-скитници, од кое едното го каснало во пределот на десната рака над лактот.
Финансиската полиција поднесе кривична пријава против две лица за злоупотреба на службена положба и противправно стекнување имотна корист.
Над 130 килограми марихуана се откриени вчера на ГП Богородица во камион со албански регистраски ознаки. Возачот, 37-годишен државјанин на Албанија, е приведен и му е одреден 30-дневен притвор.
Седумнаесетгодишно девојче од селото Џепчиште, кое било под надгледување на Центарот за социјална работа Тетово, се оддалечило во непознат правец.
Полицијата ги идентификуваше напаѓачите кои завчера извршија разбојништво врз двајца јапонски државјани на локалниот пат од село Катланово кон село Брезница. Двајца од напаѓачите веќе се приведени.
Гостиварската полиција при претрес на една чајџилница во градот, вчера открила три килограми марихуана. Набрзо потоа три лица се приведени, а две задржани во полициска станица Гостивар.
Две лица физички го нападнале М.Ј.(50) од Скопје на улицата „Боемска“ во Дебар Маало.
Нема поврдени во пожарот што доцна синоќа избувна во магацински простор во Кавадарци, за МИА денеска потврди Илчо Богевски, командир на кавадаречката Територијална противпожарна единица.