Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Т.Д. (46) од Гевгелија осомничен за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Дваесет и едногодишен вработен во градежна фирма Џ.В. од скопското село Моране вчера починал од струен удар додека на ул. „Герника“ се изведувале градежни работи - истовар на цигли од товарно возило со кран.
Во Полициската станица Штип синоќа било пријавено дека во паркот „Суитлак“ на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ маж лежи на тревната површина од паркот и во рацете држи пиштол.
Во просториите на Македонската информативна агенција (МИА) ноќеска повторно имаше обид за кражба. Непознат сторител или сторители околу 2,30 часот насила влегле во една од канцелариите на Агенцијата, кршејќи дел од прозорецот.
Четири лица го нарушиле јавниот ред и мир во дворот на средното општинско училиште Гостивар, по што две лица завршиле со телесни повреди.
Машко лице денеска пукало во вработената А.Ѓ. во маркетот „Кипер“ во Чаир.
Уште една сообраќајка во која беше вклучен и моторцикл се случи во Скопје. Овој пат на булеварот „Партизански Одреди“ автомобил удри во моторцикл, а според станарите, истиот веднаш бил испратен со брза помош на некоја од клиниките.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против членови на комисија за категоризација, бидејќи овозможиле објект наменет за бањски туризам да биде користен како хотел со 4 ѕвезди.
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Б. (25) од село Сарај-скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Насилството во училиштата е проблем кој неминовно бара сериозен пристап. Видеото подолу е снимено во ООУ „Гоце Делчев“ во Неготино, и ја покажува бруталноста на децата, во случајов девојчиња, кои буквално претепуваат девојче, пред други ученици – објави порталот “Нетпрес”.