Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје случени биле вкупно 33 сообраќајни незгоди, од кои во една потешко бил повреден пешак, А во осум со полесни повреди се здобиле 16 лица. Во 24 сообраќајки е причинета само материјална штета.
Во село Брњарци, општина Гази Баба очевидци кажуваат дека се искршени над 40 надгобрни плочи на христијанските гробишта. Настанот се случил пред само неколку минути.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.С. (53) од Прилеп осомничен за кривично дело „лажен стечај“.
Во 16 акциски контроли што ги спровела полицијата во тетовско-гостиварскиот регион во првите девет месеци од годинава откриени се 44 странски државјанки кои нелегално престојувале во државата.
Четириесет и двегодишната А.Н. од Скопје вчера со нож му нанела убодна рана на И.И. (37), од село Сарај, кој претходно имал вербална расправија со нејзината ќерка К.Б, со која бил претходно во љубовна врска.
Тројца македонски државјани се во притвор, откако во вторникот, на граничниот премин во Славонски Брод се обиделе да прошверцуваат речиси 6,5 килограми хероин, информираше денеска бродско-посавската полиција.
Над илјада лица со зголемена температура, малаксаност и стомачни тегоби изминатите четири дена побарале медицинска помош на инфективното одделение во Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.
Против 47-годишниот П.Г. од Радовиш поднесена е кривична пријава за злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор, соопшти МВР.
Петр Шпеган, алпинист од Чешка, вчера го загубил животот откако, околу 12 часот, паднал од карпите кај тунелите кај Демир Капија, информираат од полицијата.
Во текот на изминатите четири дена на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 41 сообраќајна незгода, од кои во три со тешки телесни повреди се здобиле три лица.