Седумнаесетгодишен средношколец претпладнево го загуби животот по пад од кошот во кошаркарското игралиште во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица.
Во Радовиш вчера околу 23:25 часот на место викано „Инката“ од брегот во водите на браната „Мантово“ скокнал маж, по што му се губи трагата.
Четириесет и едногодишниот И.Т. синоќа до смрт го избодел својот татко во семејна расправа што се случила на ул. „Чедомир Кантарџиев“ во Скопје.
Десетгодишно дете пешак се здобило со тешки телесни повреди синоќа во сообраќајна несреќа во Куманово, информираше денеска МВР.
Прилепчанец лажно ѝ се претставувал на велешанка дека е вработен во МВР, односно во УБК, и ѝ рекол дека ќе посредува таа да биде зачленета во партија, потоа да биде поставена за координатор на Велес и да стане кандидат за пратеник.
Пешак и сопатник во автомобил се тешко повредени, а со полесни повреди се здобиле пет лица, во шест од осум евидентирани сообраќајки во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје.
Седум лица од кои едно дете денеска напладне се повредени во тешка сообраќајка која се случила на патарината на автопатот на излез од Скопје кон Тетово.
Тело на мртов маж, вчера попладне било пронајдено во една од собите во хотел покрај магистралниот патен правец Гостивар-Кичево.
Изминатиот викенд на територијата на Скопје се случиле вкупно 33 сообраќајни, од кои во една животот го загубило едно лице, а во три со тешки телесни повреди се здобиле вкупно три лица и едно лице со полесни повреди.
Биле извршени претреси кај пет физички лица и едно правно лице од село Могила и биле одземени 24.826 килограми тутун „вирџинија“, а биле пронајдени шест ниви со насади од тутунот.