Четириесет и четиригодишната И.Т. од Скопје вчера пријавила во полицијата дека две непознати лица вчера ја побарале нејзината ќерка З.Т. 26 години за да се договорат за гласање во Советот на општина Гази Баба.
Осумнаесетгодишна девојка од гостиварското село Добри Дол, вчера во полициската станица Гостивар пријавила лице од Тетово дека ја уценувал.
- Во разговорот со него утврдено е дека тој целосно го измислил случајот со грабнувањето поради тоа што бил соочен со повеќе финансиски проблеми, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расветлување на сите поединости поврзани со пријавеното грабнување.
Ј.Е.(51) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на ул. „Драган Ѓаконовски Шпато“ во угостителски објект, негова сопственост, од страна на В.К. бил физички нападнат. Неофицијално станува збор за скопската кафеана „Сокаче“.
Во текот на изминатата недела во Скопје се случила 81 сообраќајна несреќа. Од нив во шест имало потешко повредени лица, а во една едно лице го загубило животот.
Тројца средношколци се повредени во тепачка вчера попладне во средното училиште Јосип Броз Тито, во која учествувал и родителот на еден од повредените средношколци.
Починало бебе во Шуто Оризари три дена по раѓањето. Како што соопшти МВР, мајката вчера забележала дека нешто не е во ред со бебето, повикала Итна медицинска помош, но лекарот констатирал смрт.
Дваесет и шест годишната прилепчанка изутринава е пронајдена почината во својот дом. Прилепското основно јавно обвинителство побара да се изврши обдукција врз телото за да се утврдат причините за нејзината смрт, информираат од обвинителството.
Триесет и петгодишниот М.С. е повреден од огнено оруже кога со својот пријател с.Ф. (35) се враќал од лов во близина на Ѓавато.