Во текот на вчерашниот ден, 42-годишен скопјанец во полиција пријавил дека од неговиот двор му бил укреден автомобилот марка „ауди А5“.
Триесет и двегодишна прилепчанка која била пријавена за исчезната е пронајдена синоќа на улицата „Кеј Димитар Влахов“ во Скопје.
Во завчерашната акција спроведена со Царинската управа, полицијата ги приведе гостиварците откако откри и заплени три килограми марихуана.
Непознат сторител синоќа во 20.50 часот извршил разбојништво во аптека на ул. „Козле“ во Скопје. Сторителот со закана со нож ги одзел парите од дневниот промет и побегнал во непознат правец.
Едно лице е потешко повредено во една сообраќајна несреќа од вкупно 11 сообраќајки што се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Полесно повредени се осум лица во пет сообраќајни незгоди, а материјална штета е причинета исто така во пет сообраќајки.
Министерството за внатрешни работи објави фотографија од лице, кое, како што се вели, во соопштението, е важно во постапката поврзана со нападот врз пратеникот Г.М. на плоштадот „Македонија“.
Во најголем број случаи станува збор за поголема група малолетници која напаѓа една или повеќе жртви без провокација, групни тепачки, напад или тепачка во автобус или на автобуска станица, во текот или по спортски настан.
Украдени се 2,4 милиони денари од Д.К. (38) додека бил паркинг на булеварот „Јане Сандански“ зад експозитура на банка, од каде претходно ги подигнал парите.
Дете било каснато од куче во Кавадарци, се здобило со телесни повреди, информацијата ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Непознати машки лица ноќеска околу 01:20 часот во Градскиот парк во Скопје ги нападнале А.Н.(23) од Прилеп и С.Б.(23) од Скопје.