Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 54 возачи
Министерството за внатрешни работи вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол
На 09.12.2022 во 15.00 часот во Полициска станица Виница е пријавено дека околу 13.00 часот во Виница по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу три женски лица М.М.(33) од Виница и П.Т.(29) од Радовиш, од една страна и М.А.(31) од Кочани од друга страна.
Тој во неколку наврати се обидел да стапи во контакт со лицето со кое ја договорил услугата но безуспешно, по што пријавителот сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.12.2022 во СВР Скопје било пријавено дека околу 12:30 часот на ул.„Вуковарска“, по претходна расправија помеѓу Р.Б.(34) и П.Б.(29), од една страна, и В.А., од друга страна, сите тројца од Скопје, В.А. испукал од огнено оружје кон П.Б..
На 18.11.2022 во зграда во која живееле, пријавениот со пиштол се заканил на соседот В.С.(54) од Скопје и неговата сопруга.
Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство. Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
Пушката била одземена за понатамошна постапка, а повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 28.05.2021, пријавениот обезбедил податоци од дебитна картичка на дедо му, по што во 468 наврати со неа плаќал за игри и вршел купувања. На тој начин го оштетил дедо му за сума од 468.832 денари
Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор го признале делото. Парите биле