Сува трева и објект изгорел во вчерашниот пожар на „Пчињски пат“ во Куманово, кумановските пожарникари гаселе сува трева и стрништа на уште четири три локации, известија денеска од РЦУК Куманово и од Територијалната противпожарна единица.
Повозрасна кавадарчанка била измамена од лажен инспектор, кој и земал сто илјади денари и 450 евра, информираа денеска од СВР Велес
Денеска во 13.30 часот од улица ,,Тодор Чангов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(36) од Скопје
Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Дебар, осомничен за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“
Во текот на изминатата вечер во периодот од 21.00 до 24.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 130 возачи
Шумски пожар кој избувнал вчера над селата Ореше и Папрадиште, а предизвикан од човечки фактор, денеска е изгаснат од страна на мештаните
Казнети се 395 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената
Денеска околу 01.00 часот во близина на граничната линија со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица Богородица го лишиле од слобода А.М.(30) од с.Инџиково, скопско
Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет мерки за прекршоци што ги прават пешаците
Веќе неколку часа гори градската депонија во Дебар, а чадот и тешката смрдеа се протегаат низ град. Во гаснењето на пожарот се вклучени Територијалната противпожарна единица, како и вработените во Јавното комунално претпријатие „Стандард“ со сопствена механизација.