Педесет и четиригодишниот Ѓ.И од Делчево кој бил пријавен за исчезнат изминатиот петок е пронајден мртов
Во текот на вчерашниот ден (10.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 314 возачи
На територија на град Скопје изречени се вкупно 249 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 31 мерка за возење без возачка дозвола, 44 санкции за возење под дејство на алкохол
На 09.04.2022 во 17:55 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена од Скопје пријавила дека на 08.04.2022 околу 18 часот во семејниот дом, нејзиниот син Д.Т.(18) физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет.
Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството. Увид извршила екипа на ОВР Делчево.
На 09.04.2022 околу 15:30 часот во СВР Битола, В.А.(77) од Битола пријавила дека околу 15:30 часот во нејзина нива на улица „Индустриска“ настанал пожар од отпушок од цигара кој го фрлила, но пожарот не успеала да го изгасне.
На 09.04.2022 во 04:30 часот во СВР Скопје, триесет и четири годишна жена од Скопје пријавила дека во домот била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер М.М.(37) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Кај В.П. била пронајдена платежната картичка и пари кои биле вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
46-годишна жена од Скопје вчера во 18:00 часот во СВР Скопје пријавила дека околу 17:10 часот на улицата „Ќемал Ататурк“ била физички нападната од нејзината снаа З.А.(52) од Скопје.
По преземени мерки и активности, полициски службеници од СРВ Велес вчера во 11:00 часот го лишиле од слобода А.Р.(20) од Велес поради сомнение дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во куќи.