Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин постојат голема разлики во однос на прашањето за Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп и јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска разговараа телефонски, потврдувајќи дека ќе ја „продолжат блиската соработка“ и ќе го зајакнат притисокот врз Северна Кореја, соопшти Белата куќа.
Од почетокот на бегалската криза во 2015 година, па досега, покренати се повеќе од 1.000 тужби за велепредавство против германската канцеларка Ангела Меркел.
Ураганот Харви почна да се враќа наназад кон државата Луизијана, но се очекува дека ќе ослабне, додека се движи кон север, соопшти Националниот центар за урагани на САД.
Вкупните трошоци и штети кои ги предизвика ураганот Харви се проценуваат на 42 милијарди долари, поради што може да се вброи меѓу петте најскапи бури во историјата на САД.
Северна Кореја потврди дека вчера лансираше ракета која ја прелетала Јапонија и ги погодила водите во Тихиот Океан, како што било и планирано.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, по лансирањето на балистичка ракета над Јапонија, изјави дека сите опции за одговор на Северна Кореја се на маса.
Кинеската влада денеска предупреди дека тензиите на Корејскиот Полуостров достигнале „критична точка“ откако Северна Кореја лансираше балистичка ракета преку Северна Јапонија.
Амбасадорот на Северна Кореја во ОН Ја Сонг Нам порача дека САД треба да очекуваат „катастрофални последици“, доколку продолжат со острата реторика.
Русија денеска соопшти дека е сериозно загрижена поради ситуацијата во Северна Кореја, предупредувајќи на „тенденција кон ескалација“, откако Пјонгјанг лансираше ракета што прелета преку северниот дел на Јапонија.