Русија во следните месеци ќе и достави на Белорусија ракетен систем Искендер-М, најави денеска рускиот претседател Владимир Путин пред средбата со белорускиот колега Александар Лукашенко во Санкт Петербург.
Градоначалникот на Северодоњецк, Олександар Стрјук изјави дека градот од денеска е под целосна контрола на руската армија.
Најмалку едно лице загина, а повеќе од 30 се повредени откако земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во јужната иранска провинција Хормозган.
Со потпишувањето на Законот за безбедност на оружјето почнува првата реформа на трговијата со оружје на федерално ниво во изминатите 30 години.
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во изминатите 24 часа убиени се повеќе од 780 украински војници.
Неколку илјади луѓе учествуваа на денешниот собир во Минхен пред одржувањето на Самитот на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г-7) и побараа повеќе да се направи во борбата против климатските промени.
И Борел нагласи дека очекува следните денови да бидат продолжени разговорите и да се надминат недоразбирањата.
Во градот Исесаки, јужна Јапонија денеска е регистрирана температура на воздухот од 40,2 степени Целсиусови, што е највисока измерена температура во месец јуни, соопшти Метеоролошката служба.
Во голем број американски градови вчера и денеска се одржува протести поради вчерашната одлука на Врховниот суд за поништување на федералното право на абортус, што беше воведено со пресуда стара 50 години.
Секоја земја во светот зема голем залак и парче од оваа инфлација, изјави претседателот Џо Бајден на 10 јуни, откако Америка ја пријави својата најголема инфлација од 1981 година (потрошувачките цени се зголемија за 8.6 отсто во мај, споредбено со претходната година).