Руското Министерство за одбрана потврди дека околу 50 различни системи на оружје и 500 војници ќе учествуваат во големите маневри на ракетни и артилериски единици на Црноморската флота кои почнуваат денеска на Крим
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека единствено решение за повеќедеценискиот спор за Кипар е воспоставување на две држави на островот
Јужноафриканскиот министер за здравство, Звели Мкизе изјави денеска дека Владата размислува за продажба или замена на вакцината на АстраЗенека против коронавирус, но сепак ќе почека совет од научниците кои работат на планот за вакцинирање со алтернативна вакцина од САД
Претседателот на САД, Џо Бајден би можел да има увид во најмалку 10 разговорите што ги водеше неговиот претходник Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин во изминатите четири години, објави Политико
Британската разузнавачка служба „МИ6“ почна да регрутира британски државјани родени надвор од нејзината територија. На овој начин, оваа безбедносна служба ќе се обдие да обезбеди разновидност, пренесува „Тајмс“, повикувајќи се на извор од владата
Европската унија го пролонгира предвидениот датум за вакцинација против Ковид-19 за три месеци, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен
Приходите на социјалната мрежа Твитер во 2020 година се зголемија за седум проценти во споредба со претходната година, достигнувајќи 3,72 милијарди долари
Независните полски медиуми денеска се појавија со црни насловни страници на протестот „Медиумите немаат избор“ и не известуваат поради новиот данок на реклами воведен од полската Влада
Американската управа за храна и лекови (ФДА) одобри итна употреба на комбинирана терапија со антитела од страна на фармацевтската компанија Ели Лили во борбата против Ковид-19, соопштија претставници на компанијата
Шефот на Слободарската партија на Австрија (ФПО) во провинцијата Тирол, Маркус Абверцгер ги критикуваше новите мерки што ги усвои австриската Влада во врска со оваа покраина и побара Тирол да воведе забрана за влез на канцеларот Себастијан Курц