Во извештајот на Европската вселенска агенција (ЕСА), објавен во стручното списание Криосфера (Cryosphere), научниците предупредуваат дека мразот на нашата планета се топи со рекордна брзина, како резултат на климатските промени
Воениот командант на Мјанмар, високиот генерал Мин Аунг Хлаинг, е во центарот на вниманието откако војската денеска уапси политичари од владејачката Национална лига за демократија (НЛД) и соопшти дека ја презема власта во земјата, а од 2019 година е под санкции на САД по обвиненија за геноцид врз муслиманите Рохинџи
Полицијата во Белорусија вчера приведе најмалку 160 демонстранти кои го повикаа претседателот на поранешната советска република Александар Лукашенко да поднесе оставка
Естонскиот европратеник Јак Медисон го номинираше поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир
Европската унија најостро го осуди денеска воениот удар во Мјанмар и повика на итна обнова на легитимната власт во земјата
Заменикот претседател на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев го опиша лидерот на руската опозиција Алексеј Навални како политички подлец, чии обиди да дојде на власт ги оцени како несоодветни и несовесни, пренесува ТАСС
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ангажираше двајца нови адвокати за своја одбрана, неколку дена пред процесот на отповикување во Сенатот
Британскиот премиер Борис Џонсон го осуди денеска воениот удар во Мјанмар, по што војската во оваа азиска земја ја презеде власта
Руското обвинителство соопшти денеска дека го поддржува барањето на затворските власти условната казна на опозицискиот лидер Алексеј Навални да се замени со затворска казна, објавија западните медиуми
Франција ја повика Германија да се откаже од големиот проект за гасовод со Русија во знак на протест поради апсењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во Москва