Уставниот суд на Колумбија донесе одлука против легализирање на абортусот во првите 16 недели од бременоста, освен во три специфични случаи.
Полицијата во неколку германски сојузни покраини извршила претреси вперини против радикално десничарската група „Aryan Circle Germany”.
Илјадниците бегалци и мигранти кои се натрупаа на границата меѓу Турција и Грција не можат да влезат во Европската унија, изјави портпаролот на германската Влада Штефан Зајберт.
Авион Ербас А-330 на руската авиокомпанија Аерофлот, на пат од Владивосток до Москва, денеска принудно слета во Хабаровск на Далечниот исток, поради анонимна закана.
Секој петти работник во Велика Британија во исто време би можел да биде болен од „Ковид-19“ во „неделата во која епидемијата ќе го достигне врвот“, соопшти британската Влада презентирајќи ги своите планови за справување со новиот коронавирус
Европската унија ќе се соочи со огромен бран мигранти доколку дозволи влез на било кој од 13.000 луѓе кои сега се наоѓаат на турско-грчката граница, предупреди австрискиот канцелар Себастијан Курц
Единствената национална австралиска новинска агенција ААП прекинува по 85 години работа. Повеќе 170 вработени во јуни ќе добијат отказ поради се поголемото влијание на дигиталните платформи како Фејсбук и Гугл
Последната анкета на Евробарометар покажува дека за 94 отсто од европските граѓани, заштитата на климата претставува приоритет, 91 отсто сметаат дека климатските промени се “сериозен проблем“
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи им нареди на вооружените сили на Иран да му помогнат на Министерството за здравство во спречувањето на ширењето на новиот коронавирус
Турција соборила уште еден авион на сириските владини сили над Идлиб, соопшти денеска турското Минстерство за одбрана