Меморандумот за разбирање со кој наводно се дефинира морската граница меѓу Турција и Либија предизвикува „сериозна загриженост“, изјави новиот шеф на европската дипломатија Жозеп Борел пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел
Советот за безбедност на Обединетите нации утре ќе оддржи седница по повод нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја, изјави дипломат од ОН
Австралискиот премиер Скот Морисон изјави денеска дека 11 државјани на Австралија се водат како исчезнати, додека 13 се хоспитализирани по ерупцијата на вулканот на Нов Зеланд
Во Елисејската палата во Париз синоќа заврши самитот на лидерите на „Нормандската четворка“, а францускиот претседател Емануале Макрон оцени дека состанокот бил продуктивен и дека самиот факт дека лидерите се наоѓаат еден покрај друг покажува кредибилно повторно почнување на мировните преговори
Новозеландскиот Истражувачки институт ГНС предупреди дека постојат 50 отсто шанси во следните 24 часа да дојде до нова ерупција на вулканот на Белиот остров, која би можела да биде со слична јачина
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Вашингтон ќе се сретне со министериот за надворешни работи на Руската федерација, Сергеј Лавров, соопшти Стејт департментот
Европската унија почна да работи на создавање режим на санкции во областа на човековите права, слично на „Законот Магнитски“ во САД, изјави денеска шефот на европската дипломатија Жозел Борел по средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата.
Долгоочекуваниот самит на Нормандиската четврока се одржува денеска во Париз, каде тема е решавање на кризата во Украина, а главни актери се претседателите на Русија, Украина, Франција и канцеларката на Германија.
Стејт департментот повика денеска земјите поефективно да ја имплементираат борбата против корупцијата и да ги почитуваат антикорупциските повелби на ОН.
Правните советници на демократите и републиканците денеска презентираат докази пред одборите за правосудство и за разузнавање при Претставничкиот дом, а има најави можното гласање за импичмент на претседателот Доналд Трамп да се случи до крајот на неделава.