Русија е подготвена до крајот на декември да го продолжи Новиот СТАРТ договор за конрола на нуклеарно оружје без дополнителни услови и дополнителни разговори, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека неговата земја ќе постигне трговски договор со Европската унија пред крајот на следната година.
Најмалку 25.000 демомстранти во Марсеј, 20.000 во Монпелје и Бордо, 19.000 во Нант, вкупно околу 285.000 лица денеска демонстрираа во околу 40 градови низ Франција против пензиската реформа, покажуваат податоците на полицијата или префектурите, јавува дописникот на МИА.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот руски колега Владимир Путин ќе се обидат да потпишат примирје во источниот дел на Украина и да договорат размена на затвореници за време на нивната средба следната недела.
Британската Партија Брегзит денеска соопшти дека четворица нејзини членови, кои се и пратеници во Европскиот парламент, ја напуштиле партијата за да ја поддржат владејачката конзервативна партија на британските избори на 12 декември.
Сојузниците не смеат да ја напуштат Турција во борбата против тероризмот, порача денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Не се оддржаа преговорите за потпишување на нов договор за транзит на гас меѓу Русија и Украина, што беа планирани за денеска, јавија руските медиуми.
Претседавачот со Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп бил „кукавица“ и „суров“ заради тоа што не се занимавал со вооруженото насилство, заштитата на имигрантите и климатските промени, туку кажал дека за сите овие прашања гласачите ќе одлучат на изборите следната година.
Руската државна компанија за нуклеарно гориво го суспендира заедничкиот истражувачки проект со Иран заради одлуката на земјата да продолжи со збогатување ураниум.
Двајца војници загинаа, како и двајца талибански бунтовника, откако воени единици извршиле упад во нивно засолниште на границата со Авганистан, соопшти пакистанската војска.