Новиот израелски министер за одбрана, Нафтали Бенет одобри изградба на нов кварт за еврејските доселеници во поделениот град Хеброн во Западен Брег.
Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш пред почетокот на Конференцијата на ОН за климата (ЦОП25) во Мадрид, денеска изјави дека човештвото треба да ја прекине војната со природата.
Непознато лице синоќа отворило оган во улицата Канал во познатиот Француски кварт во Њу Орлеанс, при што се повредени 11 луѓе.
Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека сите земји од Западен Балкан би требало да имаат европска перспектива, но оти не знае колку време е потребно за тоа.
Најмалку 22 луѓе загинаа, а 21 човек се повредени откако автобус излета од пат во Тунис
Претседателите на четирите најважни институции на Европска Унија – Европски совет, Комисијата, Парламентот и Централната банка на денешната церемонија во Брисел го одбележаа почетокот на мандатот како и десетгодишнината од примена на Лисабонскиот договор
Парламентот на Ирак денеска ја прифати оставката на владата на Адил Абдул-Махди, а претседателот на Парламентот изјави дека ќе побара од шефот на државата да именува нов премиер
Во Иран денеска почна регистрација на кандидатите за парламентарните избори што треба да се одржат во февруари 2020 година, јави иранската новинска агенција ИРНА
Бројот на загинати во автобуската несреќа во Далечниот исток на Русија се искачи на 19, а 22 лица се повредени, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ќе ги заостри казните за лица осудени за насилни злосторства и тероризам, како што е напаѓачот кој уби две лица во Лондон во петокот, ако неговата конзервативна партија победи на изборите овој месец