Повеќе од 20.000 куќи останаа без електрична енергија во централниот дел на Словачка поради силни ветрови и снежна бура кои ја зафатија земјата, изјави портпарол на словачката енергетска компанија.
Рускиот претседател Владимир Путин им порача на аптеките дека ќе им биде одземена дозволата за работа доколку ги зголемат цените на заштитните антивирусни маски.
Русија денеска соопшти дека ќе бидат потребни меѓу осум и 10 месеци за развој на вакцина против коронавирус, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.
Во двете лавини во источниот дел на Турција загинаа најмалку 38 луѓе. Поголемиот дел од нив настрадаа во денешната лавина, спасувајќи ги жртвите од вчерашната лавина, јави Анадолија.
Во Комитетот за правда на Претставничкиот дом денеска на распит е Кристофер Реј, директор на Федералното биро за истраги (ФБИ).
Венецуелскиот министер за надворешни работи, Хорхе Аеаса го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „арогантен шарлатан“ и ја критикуваше неговата „интервенционистичка реторика“ во говорот пред Конгресот.
Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адханон Гребрејесус денеска побара 675 милиони долари за да им помогне на земјите да се справат со очекуваното ширење на новиот вирус што се појави во Кина.
Илјадници здравствени работници во Хонг Конг денеска одговорија на повикот на синдикатот да стапат во штрајк, барајќи од владата целосно да ја затвори границата кон Кина за да спречи ширење на новиот коронавирус.
Спикерката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, синоќа изјави дека нејзиниот гест со кинење на хартијата, копија од говорот на претседателот Доналд Трамп, бил „најпристојно нешто направено“ за тој говор.
Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги негираше медиумските извештаи за тоа дека се пронајдени лекови кои претставуваат пресврт во лекувањето на луѓе заразени со коронавирус.