Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во повеќе пораки на Твитер ја повика Светска банка да не и дава повеќе кредити на Кина.
Израел е подготвен да го бомбардира Иран со цел да го спречи да произведе нуклеарно оружје, изјави израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац во интервју за италијанскиот весник „Кориера дела сера“.
Огромниот пожар што беснее во близина на Сиднеј моментно не може да се изгасне, соопштија пожарникарските служби од Австралија, кои се борат со пожари низ целата земја, јави Би-Би-Си.
Американскиот претсесател Доналд Трамп негира тврдења на медиуми дека го користи личниот мобилен телефон за разговори и покрај предупредувања од спец-службите.
Врховниот суд на САД ги блокираше плановите за враќање на смртната казна на федерално ниво.
Во третиот квартал од оваа година просечната бруто месечна плата во Чешка се зголеми за 6,9 проценти во однос на истиот период лани.
Германската канцеларка Ангела Меркел в понеделник ќе има билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин во Париз, пред самитот за Украина, соопшти портпаролката на германската влада.
Улиците низ Париз се раскопани и поделени на половина, а на местото на стариот асфалт ќе бидат направени десетици километри велосипедски патеки. Големата градска улица е затворена за автомобили и препуштена на пешаците.
Протестното движење започна на 9 јуни, кога речиси еден милион луѓе излегоа на улиците на мегалополисот во знак на протест против предлог-законот за легализација на екстрадицијата во Кина.
Белата куќа потврди дека нема да учествува во работата на Претставничкиот дом во подготовка на обвинение против Доналд Трамп, нарекувајќи ја постапката како – „лакрдија“.