Британските пратеници денеска избираат нов претседател на Парламентот.
Германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас денеска предупреди дека најновото отстапување на Иран од нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година би можело да го уништи целиот договор.
Новиот романски премиер Лудовик Орбан на Брисел ќе му го предложи романскиот еврокомесар по консултациите со претседателот Клаус Јоханис, но номинацијата, како што наведе, ќе биде направен што е можно поскоро.
Британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател денеска го намали нивото на опасност од тероризам од сериозно на значително.
Владата на Велика Британија блокира најмалку за еден месец објавување на парламентарен извештај за закана од Русија за британската демократија и можно мешање во парламентарните избори во декември, пишува „Гардијан“.
Украина најави дека ќе го одложи новото повлекување од линијата на судири со проруските сепаратисти во Доњецк заради прекршување на примирјето
Последното истражување на Њујорк Тајмс за злоупотребите со европските земјоделски фондови во земји од источна Европа денеска не предизвика конкретни одговори од Европската комисија
Полицијата во Хонг Кон уапси 48-годишен маж, кој за време на протест, со нож повреди две лица, а на локален политичар му одгриза дел од увото
Пирати, крај брегот на Того, нападнаа грчки танкер со нафта и грабнаа четворица членови на екипажот, соопшти западноафриканската морнарица
Кипарскиот претседател Никос Анастасиадес вети дека ќе ги укине сите пасоши што „по грешка“ им биле доделени на богати инвеститори, за кои е откриено дека сториле кривични дела