Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека со нетрпение ги чека божиќните празници, за да мине повеќе време со шестмесечната ќерка Најв, заблагодарувајќи им се при тоа на сите кои ѝ помогнале да се справува со обврските.
Обединетите нации денеска го одобрија Глобалниот договор за миграцијата, откако минатата недела беше усвоен на конференцијата во Маракеш, Мароко, јави ДПА.
Британските парламентарци ќе имаат можност да гласаат за договорот за излегување на Велика Британија од ЕУ во третата недела од јануари, соопшти премиерката Тереза Меј.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавошоглу изјави денеска дека ФБИ почна сериозна истрага во врска со т.н. Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО)
Врховниот суд на Шпанија денеска му ја намали казната на поранешниот претседател на каталонската Влада, Артур Мас, по што нема да може да врши јавна функција 13 месеци, а не 24 месеци како што гласеше првичната одлука на судот во Каталонија.
Светскиот фонд за природа (ВВФ) го поддржува усвојувањето на правилникот за примена на Парискиот договор на конференција на ОН за климата, но истовремено изразува загриженост поради недостаток на амбициите на поединечни држави да го решаваат горливиот проблем со климатските промени.
Отстранувањето на блокадите поставени на кружните текови и патиштата од страна на „жолтите елеци“ ќе продолжи, изјави францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер.
Европската унија ќе испрати експертска мисија во Украина во 2019 година заради неопходните подготовки за укажување помош за регионот на Азовското Море, погоден од „ограничување на морепловството регионот”, се наведува во финалниот документ, усвоен на денешната седница во Советот на групата ЕУ-Украина. Од украинската страна присуствуваа премиерот Володимир Гројсман, а од ЕУ – високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Фдерика Могерини.
Руското Министерство за одбрана распореди повеќе од 10 авиони СУ-27 и СУ-30 на Крим. Авионите се испратени откако шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Украина повторно подготвува провокации.
Илјадници домови останаа без електрична енергија, одложени се летови, затворени училишта и блокирани патишта поради обилниоте снег што последните денови ја зафати Романија.