Членови на семејства на некои од 189-те лица, кои кон крајот на октомври загинаа при пад на авион на индонезиската компанијата „Лајн ер“, протестираа денеска во главниот град на Индонезија, Џакарта, тврдејќи дека властите не вложуваат максимални напори за да се извлечат остатоците од леталото и останките на нивните блиски од морето.
Членовите на Европскиот парламент усвоија резолуција со која се осудува изградбата на гасоводот „Северен поток 2“.
Шведска забранува пушење на одредени јавни места на отворен простор, вклучувајќи игралишта и платформи на железничките станици.
Турските власти денеска уапсија три лица, вработени во државната железничка агенција, а кои се сомничат за пропусти кои доведоа до железничката несреќа во Анкара.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска му соопшти на украинскиот претседател Петро Порошенко дека Северноатлантската алијанса овој месец ќе ја снабди украинската армија со опрема за безбедна комуникација.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска потпиша указ со кој се одобрува формирање на Вселенска агенција на Турција, која ќе биде финансирана од државниот буџет.
Хакери украле податоци од сајтот на Министерството за надворешни работи на Франција, што биле наменети за граѓаните кои патуваат во странство, соопшти денеска француското МНР.
Две лица загинаа, а двајца се повредени откако вооружен Палестинец денеска отвори оган во Западен Брег, изјави директорот на израелската Брза помош, Ели Бин.
Британската премиерка Тереза Меј се погодтвува денеска во Брисел да побара помош од европските челници за „подобар“ Договор за Брегзит по бунтот на повеќе од третина нејзини конзервативци, кои со гласањето за недоверба не успеаја да ја остранат, но успеаја да ја ослабнат.
Шведската безбедносна полиција (САПО) денеска соопши дека уапсила едно лице под сомнение дека подготвувало или поттикнувало терористички напад.