Најголеми опасности за светската економија во 2019 година се сметаат трговските војни, Брегзит и состојбата со цените на нафтата.
Конференцијата на ОН за климата што се одржува во Катовице, Полска, денеска влезе во својата последна и најважна фаза со пристигнување на министрите кои треба се договорат за правилникот за спроведување на климатските цели.
Јавното обвинителство на Јужниот Округ на Њујорк и истражителите на специјалниот обвинител Роберт Малер му врачија на Судот документи, според кои, актуелниот американски претседател Доналд Трамп би можел да се соочи со обвинение за извршено кривично дело.
Францускиот претседател Емануел Макорн за попладенво свика вонредна средба со социјалните партнери во обид да се најде излез од кризата во земјата предизвикана со протестите на „жолтите елеци“.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека договорот на Обединети нации за миграција е „ништо помалку од основа за нашата меѓународната соработка“.
Над 70.000 луѓе се убиени или повредени во граѓанската војна во Јемен, од кои 9.2000 се деца, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), за време на одржувањето на мировните преговори со посредство на Обединети нации во Шведска.
Дваесет и седумте земји членки на ЕУ немаат намера одново да преговараат со Велика Британија за договорот за нејзиното излегување од Унијата, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева.
Британската премиерка Тереза Меј го откажа гласањето во Долниот дом на Парламентот во Лондон за Договорот за Брегзит, што беше предвидено за утре, јави Би-Би-Си.
Сиромашните, неродените, затворените и оние кои насилно „исчезнаа“ не уживаат иста заштита на човековите права како богатите, изјави денеска папата Франциско.
Министрите на ЕУ одобрија дополнителни санкции за девет лица инволвирани во изборите кои се одржаа минатиот месец во Доњецк и Луганск, сепаристички провинции во Украина, кои се под руска контрола.