По напуштањето на коалицискиот владин партнер НВА, реконструкцијата во Владата го зајакнува министерот Дидие Рејндерс, најави премиерот Шарл Мишел пред малку.
Вкупно осум војници загинаа во напад на талибански милитанти врз воена станица во западниот дел на Авганистан, во областа Бала Булук.
Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Иран сака да ги подобри односите со Турција и оти договорот меѓу Анкара и Техеран за соработка на повеќе полиња, вклучувајќи ги и банкарството и енергетиката, треба побрзо да се примени, јави агенцијата Анадолија.
Британскиот државен министер за Брегзит Куаси Картенг денеска изјави дека гласањето во Парламентот за договор за излез од ЕУ ќе се одржи во вторник.
Париските споменици денеска повторно се отворени за посета, чистачите се по улиците, сопствениците на продавници ги отворија вратите и животот во францускиот главен град постепено се враќа во нормала по вчерашните протести и судири, во кои беа повредени 135 лица, од кои 71 во Париз, и е предизвикана голема материјална штета, јавија локалните медиуми.
Еден сурфер е во тешка состојба во болница откако рано утринава бил нападнат од ајкула во близина на брегот на Австралија, соопшти локалната полиција.
Истрагата на ФБИ за наводните обиди на Русија да се меша во претседателските избори во САД во 2016 година првично се водела против четворица американски државјани, и Доналд Трамп не бил меѓу нив.
Британската премиерка Тереза Меј се очекува да го одложи закажаното за вторник клучно гласање во Парламентот за договорот за Брегзит и на почетокот од следната недела да замине во Брисел на нови разговори, објави „Сандеј Тамкс“.
Катарскиот емир нема да учествува на Самитот на Советот за заливска соработка кој се одржува денеска во Саудиска Арабија, изјави за агенцијата Анадолија, официјален претставник на Катар.
Едно 19-годишнио момче почина, а три лица се во критична состојба, откако конзумирале преголема доза дрога на музички фестивал во Сиднеј, соопшти локалната полиција.