Девет рудари загинаа при пожар во рудник во близина на градот Соликамск, на околу 1.500 километри североисточно од Москва.
Познато е дека во Германија има недостиг на работна сила. Тој проблем не го заобиколи ниту Дедо Мраз. Имено, се помалку се оние, кои во црвено-бел костим во овој претпразничен период, сакаат да ги усреќат децата со подароци.
Неколку илјади Романци синоќа учествуваа на протесна прошетка низ улиците на Букурешт, одбележувајќи ја на тој начин годишнината од почетокот на бунтот против последниот романски комунистчки лидер Николае Чаушеску во 1989 година.
Британскиот политичар и поранешен висок претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Педи Ешдаун, почина вчера на 77-годишна возраст.
Најмалку 168 лица загинаа, а над 745 се повредени минатата ноќ при налет на цунами во крајбрежните области меѓу индонезиските осторви Суматра и Јава, предизвикано од ерупција на вулканот Анак Кракатау.
Аферата со лажирањето на податоците за емисиите на штетни гасови од дизел возилата, во текот на 2019 година ќе го чини германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ уште дополнителни две милијарди евра, објави неделникот „Борзен цајтунг“.
Никој не ќе може да ја спречи Турција во спроведувањето на воената операција во северна Сирија, изјави денеска во Триполи турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
Припадници на турската Крајбрежна стража спречија обид на 44 мигранти за илегален премин од брегот на Турција до грчки остров во Егејското Море.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг упати видео порака до припадниците на силите на Алијанста по повод Нова година, во која оценува дека Северноатлантскиот пакт е „во добра форма“.
Девет рудари се заробени во рускиот рудник Уралкали, поради пожар и чад, соопшти денеска компанијата која управува со рудникот.