Првата дама на САД Меланија Трамп побара Белата куќа да ја прекине соработката со заменичката советник за национална безбедност Мира Рикардел, изјави портпаролката на Канцеларијата на сопругата на американскиот претседател Стефани Гришам.
Советот за безбедност на ОН синоќа на затворена седница разговараше за растечкото насилство во Газа, но не постигна согласност како да се реши ситуацијата.
Епидемијата на колера во Конго ќе трае уште најмалку шест месеци, изјави епидемиологот Питер Салама, заменик генерален директор на Светската здравствена организација.
Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе ја предупреди Владата дека Обединетото кралство ќе треба да се подготвува за Брегзит и без договор доколку до 1 декември не биде постигната согласност со ЕУ, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на владин претставник.
Парламентот на Шри Ланка изгласа недоверба на Владата, предводена од Махинда Раџапакса, поранешен авторитарен лидер, кој минатиот месец положи заклетва како премиер.
Парите биле сместени во метална кутија, во апоени од 500 евра. Заедно со неговата жена Адела, човекот ги преброил парите, па тоа им предизвикало несоница поради помислата дека можеби се работи за некаква замка, и одлучиле да ги вратат парите.
Првите мигранти од т.н. „мигрантски карван“, што од Централна Америка се движи кон САД, денеска пристигнаа во областите на Мексико крај американско-мексиканската граница.
Италијанските новинари денеска излегоа на протести на централните плоштади на поголемите градови во земјата, за да го изразат својот револт од навредите што кон нив ги упатија двајца лидери на владејачкото Движење пет ѕвезди (М5С).
САД се свесни за постоењето бази за балистички ракети во Северна Кореја, кои беа претставени како тајни, соопшти денеска американскиот претседател Доналд Трамп.
Шест чешки опозициски партии денеска побараа од премиерот Андреј Бабиш да поднесе оставка, откако во медиумите се појавија тврдења дека неговиот син бил испратен во странство со цел да се попречи истрагата за измами, што се води против првиот човек на Владата на Чешка.