Француската полиција соопшти дека спровела „безбедносна операција“ во градот Денкерк, при што е уапсена една жена, која се заканила со активирање бомба во локалната болница.
Во Бугарија неодамна е откриена измамничка мрежа која за пари фалсификувала сертификати за бугарско потекло и на тој начин преку Бугарија се добивало државјанство од ЕУ, кое, како што пишува Дојче веле, може да се купи и илегално.
Претседателот на Украина Петро Порошенко потпиша закон, кој се закани дека ќе го затвори секој руски државјанин кој патувал со авион до Крим.
Кремљ се надева дека севернокорејскиот претседател Ким Џонг-ун следната година ќе ја посети Русија.
„Свиркачот“ Едвард Сноуден, поранешен програмер во американската Национална базбедносна агенција (НСА), изјави дека постои врска меѓу убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги и израелската технолошка компанија Група НСО.
По изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан дека би било почесно да прекинат преговорите за членство меѓу ЕУ и Турција, Европската комисија порача дека официјален став на оваа тема може да даде само претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер.
Грешка би било да се очекува промена во политиката на американскиот претседател Доналд Трамп после изборите на половина мандат во САД, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас.
Изложеноста на одреден вид загаден воздух во раното детство може значително да го зголеми ризикот од развој на симптоми поврзани со нарушувања од аутистичен спектар (АСД), се наведува во новото истражување на научници од Универзитетот Монаш, објавено во „Сајанс алерт“.
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска во 16: 30 по Гринич ќе има прес- конференција за изборите на средина на мандат.
Италијанската Влада денеска доби глас на доверба во Горниот дом на Парламентот откако Сенатот го одобри контроверзниот предлог-закон.