Полската полиција со солзавец и водени топови ги растера десничарите кои се обидоа да ја спречат првата парада на гордоста во полскиот град Лублин.
Демонстранти од цела Германија протестираа денеска во Берлин против ксенофобијата и крајната десница.
Руската православна црква денеска соопшти дека ќе одговори „со иста мерка и одлучно“ на Екуменската патријаршија со седиште во Истанбул поради спорот на Москва со Украинската православна црква.
Околу 70 мигранти пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуза откако туниски рибарски брод го пронајде нивниот брод на 29 километри од брегот, соопшти италијанската крајбрежна стража.
Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека е можно Саудиска Арабија да е одговорна за исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги и доколку тоа се докаже неговата земја ќе наложи строга казна за земјата.
Новиот истанбулски аеродром нема да биде отворен до крајот на годинава, изјави директорот на аеродромот Кадри Самсунлу.
Папата Франциско расчини двајца чилеански бискупи кои биле инволвирани во скандал со сексуална злоупотреба, соопшти денеска Ватикан.
Турската влада денеска соопшти дека надворешниот притисок не е причина за одлуката на судот да го ослободи американскиот свештеник Ендру Брансон од домашен притвор.
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас смета дека протестите за отворено и слободно општество најавени за денеска во Берлин се важен сигнал за единство.
Земјотрес со јачина од 6,7 степени е регистриран на 282 километри северозападно од Курилските острови, во океанот во близина на Далечниот исток, соопшти Геофизичкиот институт на САД.