Руската православна црква ја осуди одлуката на Вселенската патријаршија за испраќањето двајца пратеници во Украина. Според нив, тоа е чекор кон прогласување автокефалност за тамошната црква.
Портпарол на Министерството за одбрана на Русија предупреди денеска дека за вечерва е планиран изрежиран хемиски напад во Сирија.
Претседавачот со рускиот Совет на федерацијата (Горниот дом на Парламентот) Валентина Матвиенко, изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун примил писмо од рускиот претседател Владимир Путин и потврдил подготвеност за официјална посета на Русија.
Руски и сириски воени авиони бомбардираа денеска градови во покраината Идлиб. Тоа се случува само еден ден по самитот што пропадна во Техеран меѓу претседателите на Турција, Иран и на Русија кои не успеаја да ги надминат меѓусебните несогласувања и да се договорат за прекин на огнот.
Поради уништувањето на шумите за добивање на земјоделско земјиште до 2050 година може во целост да исчезнат коалите во сојузната австралиска држава Нов Јужен Велс.
Пред Високиот суд во Брауншвајг, во понеделник почнува процес против автомобилскиот концерн Фолксваген, во кој акционерите бараат отштета заради пад на вредноста на акциите.
Суд во Каиро потврди денеска 75 смртни пресуди вклучително и за лидери на Муслиманско братство во врска со демонстрациите во поддршка на претседателот Мохамед Морси во 2013 година.
Британската полиција уапсила жена во англискиот град Барнсли по жесток напад со нож во локална продавница и сега е во потрага по соучесници.
Пазарот на недвижности може да предизвика нова криза во Европа, изјави супервизорката на Европската централна банка (ЕЦБ), Даниел Нуј.
Поранешниот дипломатски советник на Доналд Трамп, Џорџ Пападопулос (31) осуден е на 14 денови затвор поради лажно сведочење во истрагата за можна соработка меѓу Москва и тим задолжен за кампањата на републиканскиот кандидат.