Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека Анкара нема да се откаже од своите барања за екстрадиција на имамот Фетулах Ѓулен.
Пилот на воен хеликоптер Ми-2 загина при уривање на леталото во регионот Краснодор, соопшти Службата за вондредни ситуации во Русија.
Турција ги осуди санкциите од САД за министрите за правда и за внатрешни работи и повика тие да бидат повлечени.
Првите дипломати на земјите од Југоисточна Азија ја отворија годишната средба на која ќе се разговара за голем број прашања поврзани со безбедноста, а меѓу нив и за територијалните спорови во Јужното Кинеско Море. Домаќинот Сингапур, исто така, повика блокот да се обедини пред надворешните предизвици, вклучувајќи го и растечкиот протекционизам.
Естонија формираше кибервоена единица, со цел да се брани од интернет напади
Потпретседателот на САД Мајк Пенс на церемонијата во Хаваи ги пречека посмртните останки на 55 американски војници убиени во Корејската војна во периодот 1950-1953 година.
Сенатот синоќа ги достави стенограмите од сведочењето на Марија Бутина до Обвинителството и нејзината одбрана, кое таа го даде пред сенатска комисија за разузнавање зад затворени врати неколку месеци пред нејзиниото апсење.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изрази подготвеност да ја врати смртната казна во Турција, под услов да се донесе соодветен закон во парламентот.
Белата куќа денеска соопшти дека САД воведуваат санкции против турските министри за правда и за внатрешни работи Абдулахит Ѓул и Сулејман Сојлу во врска со случајот со американскиот свештеник Ендру Бренсон, кому во Турција му се суди за тероризам.
Шпанската Влада денеска, првпат по седум години, започна разговори со каталонската регионална сепаратистичка влада. Но, позициите на двете страни остануваат дијаметрално спротивставени, пренесе БТА.