Врховниот суд на Јужноафриканската Република денеска ја укина владината одлука за дипломатски имунитет на поранешната прва дама на Зимбабве, Грејс Мугабе откако беше обвинета за удирање жена со електричен кабел.
Четири лица се повредени откако се урна хеликоптер во главниот град на Кина, Пекинг.
По написите во медиумите дека францускиот претседател, Емануел Макрон, планира да формира паневропско антипопулистичко движење пред следните избори за Европскиот pарламент, се огласи унгарскиот премиер, Виктор Орбан, со своите планови.
Францускиот претседател Емануел Макрон при неговата посета на Португалија го изнесе својот став за идната реорганизација на Европска унија и на Европа, која за десет до 15 години би имала „три круга“.
Еритреја и Сомалија се договорија за обнова на дипломатските односи, соопшти еритрејското Министерство за информации.
Деца мигранти честопати се согласуваат на проституција, со цел да бидат безбедно пренесени преку граница од Италија во Франција, пишува британскиот весник „Гардијан, повикувајќи се на меѓународната организација „Сејв д чилдрен“.
Папата Франциско денеска ја прифати оставката на австралискиот надбискуп Филип Вилсон, осуден поради забошотување на случајот со сексуално злоставување на деца кои помагаат при службата.
Гробница стара 5.000 години е пронајдена во подрачјето Караганди во Казахстан, а во него се најдените телата на древни „Ромео и Јулија", објави „Дејли Меил“. Во непосредна близина на љубовната двојка закопани се и два коња, коишто се смета дека биле жртвувани, велат археолозите.
Четири милиони луѓе во Индија, од североисточната држава Асам би можеле да останат без државјанство. Националниот регистар на граѓани во Индија објави попис на луѓе кои можат да докажат дека во Асам дошле пред 24 март 1971 година односно пред Бангладеш да прогласи независност.
По повеќе дена чекање да се види дали Косово и земјите од регионот ќе успеат да ги надминат разликите во трговскиот спор, Европската комисија се огласи со остар речник кон Приштина, јави дописничката на МИА од Брисел.