Дури 94 проценти од испитаниците во анкетата на американското радио „Смеркониш“ не се согласуваат со ставот на претседателот на САД, Доналд Трамп дека лошите односи на земјата со Русија се по вина на Вашингтон.
Пет луѓе загинаа, а едно лице е повредено при пад на хеликоптер во близина на јужнокорејскиот град Поханг, соопшти денеска морнарицата на Јужна Кореја.
Иранските власти денеска пред Меѓународниот суд на ОН во Хаг поднесоа тужба против САД поради возобновата на американските економски санкции кон Иран.
Токио и Брисел денеска потпишаа трговски договор кој треба да ги укине речиси сите царини помеѓу двата блока. Овој Економски договор за партнерство е најголемиот трговска спогодба во историјата на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Либиската крајбрежна стража денеска пресретна брод со 158 мигранти и не му дозволи да продолжи кон некоја од европските држави.
Едгар Хенсен (47), ѕвезда на американското риболовно реално шоу „Смртоносен улов“, е осуден за сексуален напад којшто се случил лани, врз девојче кое тогаш имало 15 години. Тој ја призна вината и одговорноста.
Како на Самитот на НАТО во Брисел, така и при посетата на Велика Британија, Трамп беше брутално директен. Критикуваше, се закануваше, исмеваше, знаеше да „тропне“ нешто па потоа несмасно да се извинува...
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунинг изјави дека Кина позитивно ја оценува вчерашната средба помеѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп.
Безмалку 100.000 лица минатата ноќ учествуваа во марш со кој му оддадоа почит на последниот руски цар Николај Втори и неговото семејство, убиени од страна на комунистите по Октомвриската револуција.
Израел го затвори единствениот премин за размена на стока со Појасот Газа, како одговор на нападите на екстремистичката група Хамас, и покрај тоа што групата прифати примирје.