Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска имаат прва билатерална средба во главниот град на Финска, Хелсинки.
Рускиот претседател Владимир Путин доцнел на состаноците со голем број светски лидери, вклучувајќи ја и денешната средба со претседателот на САД, Доналд Трамп во Хелсинки, кој го чекал 55 минути.
Најмалку осум лица, претежно деца, починаа од задушување во бродски контејнер преполн со мигранти, на западниот брег на пристанишниот град Зуварa, соопшти денеска либиската полиција.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Бахрам Гахеми денеска изјави дека ако американскиот претседател Доналд Трамп сака да преговара за повлекување на САД од меѓународниот нуклеарен договор со Техеран, ќе мора да го повика Техеран.
Нема да има втор рефрендум за Брегзит, изјави денеска портпаролот на британската премиерка Тереза Меј. - БРитанскиот народ гласаше да ја напушти Европската Унија. Нема да има втор референдум...под кои и да се околности, изјави портпаролот.
Рускиот претседател Владимир Путин на американскиот колега Доналд Трамп му рече дека е време да се разговара за билатералните државни односи и за тешките проблеми помеѓу другите земји, јави Финската државна телевизија.
Стапката на невработеност во април изнесувала 9,6 отсто, што претставува годишен пад од 0,9 процентни поени. Во март 2018 година, невработеноста изнесуваше 10,1 отсто.
Финскиот весник „Хелсинкин Саномат“ резервираше десетици огласни табли на патот го минаа претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин од аеродромот до центарот на Хелсинки, за да ги повика да ја почитуваат слободата на печатот.
Министрите за надворешни работи на земјите членки на Евроспка унија денеска се дистанцираа од изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ЕУ и САД се непријатели.
Кинескиот увоз од Северна Кореја во јуни опадна за 92,6 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Увозот се намали поради санкциите на ОН со цел Пјонгјанг да се принуди на запирање на нуклеарните и ракетните програми, соопшти кинеската Царинска управа.