Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја повика Германија веднаш да ги зголеми трошоците за одбрана на два проценти од БДП.
Претседателот на Чешка Милош Земан именуваше нови судии и нов министер за правда, кои јавно ги советуваше дека кон новинарите треба да се однесуваат како кон досадни оси, кои треба да се згмечат.
Стотици работници на нафтени и гасни платформи во Норвешка почнаа штрајк по одбивањето на предлог-договорите за платите. Тоа предизвика прекин на работата на нафтено поле, управувано од холандско-британскиот Ројал Дач Шел и влијаеше за скок на цената на „брент" нафтата.
Повеќето луѓе сметаат дека светот денес е поопасен од што беше пред две години, додека расте загриженоста поради политички мотивираното насилство и оружје за масовно уништување, покажа истражување на шведската непрофитна организација Глобал Челинџис Фаундејшн.
САД подготвија нов список со кинески стоки со вредност од 200 милијарди долари годишно, за кои сакаат да воведат царини од 10 отсто од септември, изјави американскиот трговски претставник Роберт Лајтхајзер, цитиран од ДПА.
Британската влада планира да го удвои бројот на своите војници во Авганистан, откако американскиот претседател Доналд Трамп побара засилување, со цел да се помогне во борбата со лошата безбедносна ситуација во таа земја.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео го обвини Иран дека ги користи своите амбасади за планирање терористички напади во Европа.
Шефови на држави или влади на членки на НАТО почнуваат денеска дводневен самит во Брисел на кој се очекуваат нови притисоци на американскиот претседател Доналд Трамп врз сојузниците да зголемат издвојувања за одбрана.
Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави дека „Турција никогаш нема да дозволи кипарските Турци да бидат малцинство", јави агенцијата Анадолија.
Сенаторот Ронд Пол кој од доаѓа од истата политичка провиниенција како и Претсадателот на САД Доналд Трамп, на својот твитер профил дека ја поддржал намерата на Трамп за блокирање на проширувањето на НАТО.