Повеќе од илјада лица се собраа вчера во Истанбул во знак на осуда поради одлуката на САД да ја пресели својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим.
Во вчерашните протести организирани поради дислоцирањето на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим израелската армија уби 58 Палестинци, а најмалку 2.700 се повредени.
Невреме проследено со грмежи и град погоди неколку земји ширум Европа за време на викендот додека во југоистокот на Франција падна снег.
Компјутерски хакери украле милиони долари од повеќе мексикански банки, меѓу кои и втората најголема банка во земјата Банорте, користејќи фиктивни трансакции.
Во Демократска Република Конго од 4 април до 13 мај регистрирани се 39 пациенти зболени од ебола, се наведува во денешното соопштение на Светска здравствена организација.
Дипломатската мисија, што досега беше во Тел Авив, е преместена во Еруслаим во согласност со одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае градот како главен град на Израел.
Антиинституционалното Движење Пет ѕвезди (М5С) и десничарската националистичка партија Лига рано изутринава постигнаа договор за платформата на новата влада на Италија и го усогласија заедничкиот кандидат за италијански премиер.
Малата каталонска сепаратистичка партија Кандидатура за народно единство (ЦУП) соопшти дека ќе се воздржи од денешното гласање за избор на претседател на регионалната Влада на Каталонија.
Пекинг ќе продолжи да соработува со Иран и да го поддржува Договорот за иранската нуклеарна програма од 2015 година, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на средба со неговиот ирански колега Мохамад Џавад Зариф.
Велика Британија е сојузник, стратешки партнер, но и вистински пријател на Турција, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Лондон, каде допатува синоќа во тридневна посета.