Поранешниот лидер на парламентарната група Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и нејзината баварска партија Христијанско-социјална унија (ЦСУ) Фридрих Мерц е подготвен да се кандидира за претседател на ЦДУ, јавија германските медиуми повикувајќи се на конзервативни извори.
Укинувањето на сезонските промени во сметањето на времето може да не се случи во 2019 поради отсуство на консензус кај земјите членки на ЕУ.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави пред лидерите на нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ) дека нема повторно да се кандидра за претседател на партијата на изборната конференција во декември, јави ДПА повикувајќи се на партиски извори.
Најмалку три лица се водат како исчезнати во Шпанија откако земјата изминатиов викенд ја погоди невреме проследено со пад на температурите, како и врнежи од дожд и снег.
Претставник на индонезиската Агенција за спасување Бамбанг Сурјо денеска изјави дека нема да има преживеани лица откако авион на компанијата „Лајон ер“ утрово се урна во море набрзо по полетувањето од Џакарта.
Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран јужно од Аргентина, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
Започнаа подготовките за средбата на рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп, но се уште не се направени конкретни одлуки, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Три палестински деца загинаа во израелски воздушен напад извршен синоќа во близина на источната граница на Појасот Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Јапонија денеска успешно лансира сателит за собирање податоци поврзани со емисија на гасови со ефект на стаклена градина, соопшти јапонската агенција за истражување на вселената Јакса.
Последните анализи на невладината екологистичка организација Гринпис, базирани на сателитските податоци од Европската вселенска организација (ЕСА) откриваат дека Белгија, и посебно градот Антверпен, се меѓу најзагадените места од азот диоксид (НО2) во светот.