Полицијата во Лас Вегас соопшти дека во нападот за време на музички фестивал во градот се убиени неколкумина полицајци кои не биле на должност.
При напад со автоматско оружје на фестивал за кантри музика во Лас Вегас има најмалку 2 мртви и 24 повредени, според првичните информации кои што ги објавија американските медиуми.
Портпаролот на Влaдата, Жорди Турул изјави дека во референдумот учествувале 2,26 милиони луѓе и 2,02 милииона гласале за независност. На референдумското изјаснување учествувале околу 42,3 отсто од вкупно 5,43 милиони избирачи во Каталонија.
Претседателот на регионалната влада на Каталонија, Карлес Пуџдемон изјави дека со спроведениот референдум за независност, Каталонците „се избориле за правото на независна држава“.
Најголемата сепаратистичка група во Каталонија, Националното каталонско собрание (АНЦ) побара од регионалната Влада во Барселона да прогласи независна „држава Каталонија“ по вчерашниот референмдум за независност.
Најмалку 844 лица се повредени денеска во судирите до кои дојде при обидите на шпанската национална полиција за попречување на референдумот за независност на Каталонија, соопшти вечерва каталонската регионална Влада.
Шпанија ќе одговара пред меѓународните судови поради денешното насилство во текот на обидите на националната полиција за спречување на референдумот за назависност на Каталонија.
Градоначалничката на Барселона, Ада Колау, повика на итен прекин на насилството врз граѓаните кои сакаат да излезат на референдумот за независност.
Во акцијата на шпанската полиција во Каталонија да го спречи референдумот за независност на оваа покраина, се користеше и директно физичко насилство и пендреци и гумени куршуми, јавуваат медиумите.
Шпанската полиција употреби гумени куршуми денеска против луѓе кои се обидуваат да гласаат на референдумот за независност, изјави каталонскиот лидер Карлес Пучдемон.