По барање на Судот за тешки кривични дела, на две лица од албанскиот град Лежа им е запленет имот во вредност од пет милиони евра. Според полицијата, станува збир за банкарски сметки, движен и недвижен имот во сопственост на Арјан Ндоци и Јулиан Деблини, и нивните семејства.
Не е за изненадување тоа што либерален весник како „Њујорк тајмс“ така бездушно ја нападна администрацијата со оваа објава, изјави синоќа државниот секретар Мајк Помпео по повод критичната колумна објавена во њујоршкиот весник.
Најмалку три лица биле убиени во напад во американскиот град Синсинати, каде вооружено лице отворило оган во банка во центарот на градот.
Германија има „стратешки интерес" од стабилен економски развој во Турција, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за германската телевизиска станица Ер Те Ел.
Властите во италијанскиот град Фиренца, кој е магнет за туристи, ќе воведат казна за посетителите кои од 12 до 15 часот и од 18 до 22 часот ќе одлучат да јадат по тротоарите, улиците и на праговите на јавните објекти.
Шпанската крајбрежна стража денеска информираше дека пет мигранти се удавиле при потонувањето на бродче источно од Гибралтар. Спасувачите извлекле 53 преживеани мигранти од водите на Средоземно Море.
Во пресрет на новата рунда на дијалогот, како што објави Танјуг, во Брисел посочуваат дека продолжува интензивната работа од таканаречената „втора фаза", но во ЕУ како посредник не сакаат да влезат во шпекулации за можните резултати од состанокот, ниту за деталите од можното решение.
Врховниот суд на Индија денеска реши дека законот со кој хомосексуалноста се прогласува за „неприроден чин“ не е во согласност со Уставот, со што практично се декриминализираше хомосексуалноста.
Најмалку 76 лица загинаа, а речиси исто толку се сметаат за исчезнати како резултат на големите поплави што ја погодија Северна Кореја. Истовремено, илјадници луѓе останаа без покрив над главата, соопштија Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.
Шеги на религиозни теми на интернет отсега можат да значат и пет години затвор во Саудиска Арабија, соопшти Јавното обвинителството на кралството, што беше објавено и на Твитер.