Без компромис за името балканската стратегија на ЕУ може да пропадне, смета поранешниот премиер и шеф на дипломатијата на Шведска Карл Билд. Според него, за да се реши спорот за името неопходен е ангажман на моќните држави од ЕУ и институции.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој утре ќе ја посети Италија, во интервју за италијанскиот весник „Стампа“, ги отфрли сите опции освен пристапот на Турција во ЕУ, отфрлајќи го францускиот предлог за партнерство.
Околу илјада приврзаници на поранешниот грузијски лидер и поранешен гувернер на украинската Одеса Михаил Сакашвили денеска организираа протест во центарот на Киев, барајќи промена на власта во државата.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека не е сигурна кога ќе завршат преговорите меѓу претставниците на нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ), сестринската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД), за состав на нова владејачка коалиција.
Безбедносните сили на Турција во Анкара го привеле „министерот за информации“ на екстремистичката организација Исламска држава, јави телевизијата „Хабертурк“.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на повик на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско денеска ќе отпатува во дводневна официјална посета на Ватикан.
Северна Кореја преку нејзината Амбасада во Берлин набавувала делови за нејзините ракети, изјави шефот на германската разузнавачка агенција БфВ, Ханс-Георг Масен.
Жени во повеќе градови во Иран протестираа против носење хиџаб, а полицијата во Техеран уапси 29 лица поради учество во протестите.
Руски воен авион бил соборен во североисточниот дел на Сирија, според тамошните извештаи. Несреќата сo авионот „Сухој-25“ се случила во област под контрола на бунтовниците.
Директорот на ФБИ Кристофер Вреј испрати соопштение до вработените во агенцијата во кое се наведува дека „стои зад нив“, откако е објавен доверлив републикански меморандум во кој се изнесуваат сериозни критики на сметка на американската федерална служба.