Рускиот опозиционер Алексеј Навални е исклучен од трката за претседател на Русија, кои ќе се одржат идната година, и за кои не ќе може ниту да се кандидира, соопшти Централната изборна комисија.
Барањата упатени од Саудиска Арабија, Египет, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати предвидуваат 13 точки, меѓу кои се бара Катар да ги прекине сите врски со движењето Муслиманско братство и со други групи како Хезболах, Ал Каеда и Исламска држава.
Американскиот претседател Доналд Трамп одлучил за амбасадор на САД во Лондон да биде назначен Вуди Џонсон, сопственик на њујоршкиот клуб за американски фудбал „Њујорк Џетс“.
Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин по првпат се најде пред Тереза Меј на анкета, околу тоа кој би бил најдобриот британски премиер, според податоците на социолошката агенција Ју-Гов.
Од 5 јуни извозот кон Катар изнесува 32,5 милиони долари, од кои 12,5 милиони долари се во храна, прецизираше Туфенкчи.
Учесниците на самитот на Европска унија едногласно ги продолжија економските санкции кон Русија, изјави синоќа во Брисел германската канцеларка Ангела Меркел.
Од новата Влада, во која доминираат членови на партијата Републиката напред (ЛРМ) на Макрон, заминаа четворица досегашни министри од редовите на центристичкото Демократско движење (МоДем), поради "аферите" за фиктивни вработувања на парламентарни асистенти.
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека се надева оти арапските земји, вклучени во дипломатскиот судир со Катар, наскоро на Доха ќе и ја достават листата на „разумни и изводливи“ барања, со цел кризата „да напредува кон резолуција“.
Републиканците во Претставничкиот дом на Конгресот на САД го блокираа предлог законот за воведување на економски санкции кон Иран и Русија и го обвинија Сенатот дека создал процедурални пречки.
Европската безбедност, проблемот со миграцијата и климатските промени. ќе бидат едни од главните теми за кои ќе расправаат шефовите на држави или влади на членките на ЕУ на нивната дводневна средба, што денеска почнува во Брисел.