По налог на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора денеска од слобода се лишени девет лица, а поднесена е кривична пријава против 19 лица, припадници на криминална група која прошверцувала околу 2,5 тони кокаин.
Србите од Косово, со пасоши на Управата за координација, останаа единствените во регионот на кои им е потребна виза за патување во ЕУ откако визната либерализација за Косово стапи на сила на 1 јануари 2024 година.
Косовската полиција објави дека во изминатите два месеци низ Косово се поднесени над 2.800 барања за замена на српските возачки дозволи со косовски, јави дописникот на МИА од Приштина.
Голем шумски пожар избувна претпладнево во источниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез во поширокиот регион на Коринт, а според локалните медиуми, полесно се повредени тројца пожарникари, јави дописничката на МИА од Атина.
Албанскиот премиер Еди Рама денеска ги отфрли информациите дека плажите се полупразни и оти косовските туристи албанското крајбрежје го замениле со дестинации главно во Грција, Турција и Црна Гора.
-На територијата на Република Србија, за разлика од областа под контрола на Приштина, ниту еден терорист не бил обучуван и не се обучува. Терористите се апсат и гонат во Србија, додека во Приштина тие слободно се движат, се занимаваат со профитабилен бизнис или вршат јавни функции, рече Гашиќ.
Шефот на српската дипломатија Марко Ѓуриќ денеска изјави дека Србија до 2027 година ќе ги заврши сите тешки реформи за влез во Европска Унија, кои се однесуваат на економската, политичката и сите други сфери на животот.
Шумски пожар избувна во северниот дел на Грција во непосредна близина на граничниот премин Богородица (Евзони), границата е привремено затворена, а во прекин е и сообраќајот кон преминот од грчка страна, јави дописничката на МИА од Атина.
Германскиот канцелар Олаф Шолц в петок ќе отпатува за Белград за да присуствува на потпишувањето на договорот меѓу Европската унија и Србија за увоз на минерали, вклучително и литиум, кои се клучни за дигиталната и зелената транзиција на Унијата, пишува порталот „Политико/еу“.
Дендиас од Никозија во понеделникот рече дека се навршуваат 50 години од „хунтистичкиот државен удар на Кипар“ што отвори „задна врата за упаѓачот кој демне“ истакнувајќи дека е црна годишнина.