По налог на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора денеска од слобода се лишени девет лица, а поднесена е кривична пријава против 19 лица, припадници на криминална група која прошверцувала околу 2,5 тони кокаин.
Според неофицијални информации, меѓу уапсените е и Виктор Дрешај, водач на криминалниот клан „Дрешај“ од Тузи, како и затвореникот Дамир Мандиќ, единствен осуден за убиството на новинарот Душко Јовановиќ.
И другите уапсени имаат криминално досие и претходно се апсени поради шверц на наркотици, тутун и тутунски производи, како во Црна Гора така и во странство.
Операцијата „Генерал“ утрово е спроведена врз основа на повеќемесечна соработка на црногорското Специјално државно обвинителство со Специјалниот полициски оддел со Агенцијата на Европската унија за соработка на органите на прогонот (Европол), Федералното истражно биро (ФБИ) и Управата за контрола на наркотици (ДЕА) на САД и Австралиската федерална полиција