Можноста за поставување центри за вакцинација во универзитетските кампуси за имунизација на студентите со почетокот на академската година, ја разгледува грчката Влада, соопшти министерката за образование на Грција Ники Керамеос во интервјуто за грчкото радио „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.
Европа мора да го бара својот нов изглед, рече денеска европратеникот Илхан Ќучук од групата „Обнови ја Европа“ за време на дискусијата на тема „Како да се слушне гласот на граѓаните преку Конференцијата за иднината на Европа?“.
Во Црна Гора стапи во сила Законот за хомосексуални бракови, а на неговото спроведување чекаат 20 двојки.
Јавното обвинителство на Бугарија соопшти дека не е изненадено што привремениот министер за правда Јанаки Стоилов, исполнувајќи ја волјата на привремениот министер за внатрешни работи на Бугарија, Бојко Рашков, достави предлог до Врховниот судски совет за ослободување на главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев, изјави портпаролот на главниот обвинител Сијка Милева.
Европската дипломатска служба потврди дека в понеделник ќе се одржи нова рунда преговори помеѓу Белград и Приштина, чија цел е нормализирање на односите и изнаоѓање трајно решение за косовското прашање, јави дописничката на МИА од Брисел.
Вработени во Радио телевизија на Србија (РТС) на улицата „Таковска“ во Белград денеска се евакуирани околу 14 часот поради дојава за бомба, потврдено е за Б92.нет од Министерството за внатрешни работи на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Министерот за правда на Бугарија Јанаки Стоилов најави дека ќе му предложи на Пленумот на Врховниот судски совет предвреме да го разреши главниот обвинител Иван Гешев, јави дописникот на МИА од Софија.
Победникот на парламентарните избори во Бугарија на 11 јули „Има таков народ“ ќе предложи нова влада, повторно со свој состав и ќе побара поддршка за неа од двете партии Демократска Бугарија и „Исправи се! Мафија надвор!”, објавија на прес-конференција Тошко Јорданов и Филип Станев, кои се дел од раководството на партијата
Заменик-премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, кој престојува во посета на Тирана, денеска оствари средби со претседателот Илир Мета и со премиерот Еди Рама, јави дописничката на МИА од Тирана
Во Белград во општината Врачар, во делот на Црвен Крст на улицата Видовданска денес се сруши зграда лоцирана на парцела до актуелно градилиште. Поради уривање на станбената зграда, во тек е евакуација на станарите