Министерот за дигитална политика на Грција Кирјакос Пиеракакис, говорејќи за телевизијата „Антена” рано утрово рече дека веќе се пријавиле 30.000 лица, односно и за двете дози се закажани вкупно 60.000 термини.
Бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов за време на состанокот со претставници на туристичката индустрија во Бугарија најави дека во државата ќе продолжи вонредната ситуација поради пандемијата.
Албанија синоќа доби нова пратка вакцини од компанијата „Фајзер” што е дел од договорената количина од 500 илјади дози.
Премиерот на Ковосо, Албин Курти, ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во четврток во Брисел, соопштија прес службите на Алијансата попладнево. По средбата нема да има прес конференција ни можност за поставување прашања.
Албанскиот претседател Илир Мета, попладнево преку видео порака, побара изборниот процесот да се заврши мирно и секој глас „ од Вермош до Кониспол, да се изброи и администрира во согласност со законот“.
Грчкиот европратеник Јоанис Лагос, поранешен член на неонацистичката партија Златна зора, денеска е уапсен во Брисел, откако синоќа му беше одземен пратеничкиот имунитет, тврдат извори од грчката полиција.
За српскиот претседател Александар Вучиќ во таканаречениот „нон-пејпер“ за Косово, што го објави приштинскиот весник „Коха диторе“, има „многу работи“ што би ги посакале Србите, но и дел за признавањето на Косово, за кое тој смета дека е „страшно за Србите“.
Словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар изјави денеска дека не постои „фантомскиот нон-пејпер“ за Западен Балкан, кој некои медиуми и го препишуваат на Словенија, додавајќи дека расправите околу наводниот документ им наштетиле на Словенија и на БиХ, објави агенцијата СТА.
Земјите од Западен Балкан, по историската рецесија, годинава ќе имаат економски раст со намален интензитет, се наведува во денеска објавениот извештај на Светска банка. Како што е соопштено, шест земји од Западен Балкан – Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, очекуваат враќање на економскиот раст во 2021 година, по најтешкиот забележан економски пад кој го погоди регионот во текот на минатата година.
Бугарскиот претседател Румен Радев утре претпладне ќе му даде мандат за состав на нова влада на кандидатот за премиер од втората по бројност парламентарна група – Има таков народ. Тоа го соопштија од Кабинетот на бугарскиот претседател.