Словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар изјави денеска дека не постои „фантомскиот нон-пејпер“ за Западен Балкан, кој некои медиуми и го препишуваат на Словенија, додавајќи дека расправите околу наводниот документ им наштетиле на Словенија и на БиХ, објави агенцијата СТА.

Тој на седницата на парламентарната Комисија за надворешна политика нагласил дека стратегијата на Словенија кон Западен Балкан не е променета и дека земјата вложила дополнителни напори, имајќи предвид дека подготовката за самитот ЕУ-Западен Балкан е главен приоритет на претстојното словенечко претседавање со Унијата.

– Никој не очекува дека опозициските политичари ќе ја оцрнат својата земја, само за на некаков начин да и наштетат на државата. Тоа едноставно не постои во развиениот демократски менталитет, истакна Логар.

Неговата изјава е дадена на заедничката седница одржана по барање на опозицијата, по медиумските наводи дека словенечкиот премиер Јанез Јанша пуштил во јавност „нон-пејпер“ со стратегија за прекројување на границите по етнички линии на Балканот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2021 22:51