Високите гости поканети да присуствуваат на утрешната воена парада, по поводи 200 годишнината од почетокот на востанието за независност на Грција, пристигнуваат во Атина, а предвидено е да одржат средби со грчкиот државен врв, да ја посетата реновираната Национална галерија и да присуствуваат на вечера во нивна чест во претседателската палата
Босанскиот режисер Харис Дубица објави видеоснимка која го прикажува се она што Босна и Херцеговина ја прави посебна. Во краткото видео, опфатени се Бања Лука, Сараево, Мостар, Јајце… Во низа кратки снимки, можат да се видат и планините, но и крајбрежјето на БиХ.
Еден од двајцата руски дипломати, прогласен за персона нон грата од бугарското Министерство за надворешни работи, е заразен со Ковид-19 и тој ќе ја напушти Бугарија веднаш откако ќе оздрави, јави дописникот на МИА.
Албанската Влада потпиша договор со турскиот дистрибутер „Кејмен илач санаји ве тикарет“ (Keymen Ilaç Sanayi ve ticaret), преку кој ќе обезбеди вакцини против Кови-19 од кинеско прозводство, пренесе Топ чанел телевизија.
Нов негативен рекорд од почетокот на пандемијата со Ковид-19 бележи Грција, како во однос на новозаразените, така и во однос на пациентите приклучени на апарати, јави дописничката на МИА од Атина.
Десет отсто граѓани на Србија го поддржуваат членството на државата во НАТО, додека 79 проценти се против тоа, а 11 проценти се уште не се решени, покажуваат резултатите од истражувањето на Институтот за европски прашања „Од бомбардирање до соработка: Србија и НАТО 22 години подоцна“.
Работа и обврска на Србија е да прости, но исто така нејзина обврска е и никогаш да не заборави и затоа ќе негуваме култура на сеќавање, нема да се срамиме од жртвите, туку ќе се гордееме на она што го стори Србија за да ја зачува својата слобода, огништата и земјата, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по повод утрешната 22-годишнина од почетокот на агресијата на НАТО.
Како што јави допсиникот на МИА од Белград, Ѓилас обраќајќи се на прес конференција, изјави дека поднел обвиненија против овие пет лица затоа што тие „подготвиле, дистрибуирале, а подоцна, врз основа на тие лажни документи, ја направиле оваа афера и потера што се спроведува претходните десет дена”.
Состојбата со епидемијата е сериозна и Србија е петта во Европа според бројот на нови случаи на 100.000 граѓани, изјави за РТС директорот на Канцеларијата на СЗО во Србија, Маријан Ивануша.
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, министерот за здравство и претседателот на Саборот, Вили Берош и Гордан Јандроковиќ утре ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека.