Нов негативен рекорд од почетокот на пандемијата со Ковид-19 бележи Грција, како во однос на новозаразените, така и во однос на пациентите приклучени на апарати, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во изминатите 24 часа регистрирани се 3.586 нови случаи, почина 51 лице, а приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега се 699 пациенти.

Од почетокот на пандемијата, во земјата има 7.582 смртни случаи од Ковид-19 и вкупно 242.347 заразени.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2021 23:43