Еден од двајцата руски дипломати, прогласен за персона нон грата од бугарското Министерство за надворешни работи, е заразен со Ковид-19 и тој ќе ја напушти Бугарија веднаш откако ќе оздрави, јави дописникот на МИА.

Според Амбасадата на Русија во Софија, другиот дипломат ќе ја напушти Бугарија на датумот наведен во белешката, односно во рок од 72 часа.

Бугарското Министерство за надворешни работи вчера прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата и им даде рок од 72 часа да ја напуштат земјата поради што вршеле активности некомпатибилни со Виенската конвенција за дипломатски односи.

Минатата недела шестмина Бугари, сегашни и поранешни вработени во Министерството за одбрана и воено разузнавање се приведени под обвинение за шпионажа во корист на Руската Федерација.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2021 23:49