Претседателот на српската опозициска Партија за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, соопшти дека поднесол кривична пријава против претседателот Александар Вучиќ, министерот за финансии Синиша Мали, шефот на службата за информации на Српската напредна партија Владанка Маловиќ, главниот и одговорен уредник на Вечерње новости Милорад Вучелиќ, уредникот на Вечерње новости Андријана Нешиќ, за кои верува дека се, како што кажа “вклучени во фалсификување документи” со кои “наводно се докажува дека поседува компании и сметки во Марициус и во Хонг Конг и не знам кои се дестинации”.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, Ѓилас обраќајќи се на прес конференција, изјави дека поднел обвиненија против овие пет лица затоа што тие „подготвиле, дистрибуирале, а подоцна, врз основа на тие лажни документи, ја направиле оваа афера и потера што се спроведува претходните десет дена”.

-Претседателот четири дена од Абу Даби зборуваше на телевизија дека имам сметка на Маурициус на која сум ги депонирал украдените пари. Во понеделникот, шефот на службата за информации на СНС, Владанка Маловиќ, го најави текстот за истражувањето на Вечерњи новости. Ова јасно покажува дека Владанка Маловиќ и Вучиќ имале информации за тоа што ќе објават Вечерње новости, односно дека тие биле дел од целиот процес. Постојат две можности – едната е Вечерње новости, пред нешто да објави, да испрати до претседателот и службата за информации на СНС и другата, многу поверојатно, дека ги добиле тие документи од овие луѓе. Затоа поднесов кривична пријава и против главниот уредник на Вечерњи новости и против г-ѓа Андријана Нешиќ, која со овие документи мавташе во јавноста , изјави Ѓилас.

Ѓилас поднесе кривична пријава и против министерот Синиша Мали затоа што, како што кажа, „пет дена гостувал на телевизија”, и исто така „врз основа на овие лажни документи, тврдеше дека сум ги прекршил законите на Србија”.

Тој потсети дека Дојче банка негирала дека поседува експозитура во Маурициус и изјави дека станува збор за фалсификати и наведе дека истото се случило и со „наводната хартија од банката во Хонг Конг”.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес не сакаше да го коментира поднесувањето на кривична пријави од лидерот на ССП.

-Секој има право да поднесе кривична пријава, а надлежните органи ќе кажат што е потребно, изјави Вучиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2021 20:06