Словенечката влада го усвои предлогот за признавање на државата Палестина и го испрати до Парламентот на конечно одобрување, изјави денеска по седницата на Владата словенечкиот премиер Роберт Голоб.
Грција ги осудува неодамнешните напади врз цивили, вклучително и деца, во Рафа, напишаа од грчкото МНР на платформата Икс и повикаа на „темелна истрага која ќе ги расветли точните околности на овој напад“, но и на итен прекин на огнот, јави дописничката на МИА од Атина.
Новиот договор ќе го замени сегашниот договор за статусот меѓу ЕУ и Србија, кој се заснова на старата регулатива на Фронтекс и дозволува само заеднички операции на границата на Србија со ЕУ.
Косовската претседателка, Вјоса Османи по повод годишнината од нападите врз врз војниците на НАТО на северот на Косово, на 29 мај минатата година, во кои беа повредени 93 војници, пишува дека авторите на тие криминални дејствија сé уште „се шетаат на слобода низ Србија“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во 2023 година, бројот на здравствени работници од Косово вработени во Германија изнесувал 9.091, што е за илјада повеќе од 2022 година, пренесе Бета.
Срѓан Ј., осомничен во Србија за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, одлучил да ја изнесе својата одбрана во наредниот период.
Повеќе од една третина од возрасните во Србија пушат повремено или секојдневно, додека една петтина од учениците на возраст од 11, 13 и 15 години пробале електронски цигари, според Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ во пресрет на Светскиот ден без тутун.
Премиерот на Србија и претседател на СНС, Милош Вучевиќ, изјави денес дека оваа партија на изборите учествува во широк фронт бидејќи, според него, Србија се соочува со големи предизвици, па затоа е неопходно обединување.
Косовската полиција вчера уапсила едно лице во Лепосавиќ, маж со иницијали М.К., под сомнение за кражба на идентитет, односно со документи од Србија и од Косово со различни имиња и презимиња, јави косовскиот медиум на српски јазик, КоССев.
Во интервјуто Гарвала предупреди дека територијалните амбиции на рускиот претседател Владимир Путин не запираат на украинската граница. Според неа, победата на Украина против Русија би обезбедила долго време стабилност дури и на „немирниот Балкан“.